Компанијата што ќе произведува електронски делови за најновите модели на германскиот автомобилски гигант "Мерцедес" ќе инвестира во Македонија, вели Веле Самак, министерот задолжен за странски инвестиции. Во изјава за Нетпрес, министерот Самак објаснува дека компанијата, чие име се уште не се открива, е слична на германската компанија "Кромберг и Шуберт", која во декември лани почна да ја реализира својата инвестиција во индустриската зона "Жабени" во близина на Битола. Фирмата ќе отвори производство за електрични инсталации и кабли оваа година и ќе има капацитет со околу 4.000 вработувања во наредните три години. Продуктите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на "Мерцедес" во Германија, поточно во моделот Ц-класа.
Компанијата што ќе произведува електронски делови за најновите модели на германскиот автомобилски гигант "Мерцедес" ќе инвестира во Македонија, вели Веле Самак, министерот задолжен за странски инвестиции.
Во изјава за Нетпрес, министерот Самак објаснува дека компанијата, чие име се уште не се открива, е слична на германската компанија "Кромберг и Шуберт", која во декември лани почна да ја реализира својата инвестиција во индустриската зона "Жабени" во близина на Битола.
- Фирмата ќе отвори производство за електрични инсталации и кабли оваа година и ќе има капацитет со околу 4.000 вработувања во наредните три години. Продуктите од фабриката во Македонија ќе бидат инсталирани во автомобилите на "Мерцедес" во Германија, поточно во моделот Ц-класа - вели Самак за Нетпрес.
Локацијата каде што ќе изгради фабрика оваа германска компанија ќе биде позната во наредните неколку недели, но според информации на Самак се размислува помеѓу Велес и Кавадарци.
Прогнозите се дека во наредните 10 години со оваа инвестиција ќе се реализира извоз од над една милијарда евра и ќе се оствари нето-добивка на бруто-домашниот производ од над 250 милиони евра.